• петок, 27 декември 2024

Свети Николе за развој на локалитетот Била Зора има издвоено 500 илјади денари

Свети Николе за развој на локалитетот Била Зора има издвоено 500 илјади денари

Свети Николе, 9 февруари 2023 (МИА) - Половина милион денари има издвоено Општина Свети Николе за археолошкиот локалитет Била Зора. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев за МИА вели дека денеска го потпишал и вториот меморандум за соработка и развој на овој локалитет. Потписи на овој меморандум ставија Владев и ректорот на Славјанскиот универзитет, Јордан Ѓорчев.

Посочува дека лани соработката ја воспоставија со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје.

-Се надеваме дека во 2023 година согласно со нашите скромни буџети ќе овозможиме понатамошен развој на овој локалитет. Во исто време како Музеј имаме и аплицирано до Министерството за култура да ни помогне финансиски да го развиваме и промовираме на овој локалитет, кој е од Пајонско време и мислам дека вакви наоѓалишта има само на две или три локации на Балканот, вели Владев.

Директорот на штипскиот Музеј, Митко Штерјов посочи дека лани Министерството за култура  за  конзерваторски работи на локалитетот „Била зора“ има издвоено 1.800.000 денари. Очекува да продолжи истражувањето на Била зора и оваа година, бидејќи веќе аплицирале во Министерството за култура. Смета дека кога институциите се единствени, може да се направи многу за заштита на културното богатство. вдј/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан