• петок, 27 декември 2024

Свети Николе ги исфрли поимте род и родова еднаквост

Свети Николе ги исфрли поимте род и родова еднаквост

Скопје, 25 август 2023 (МИА) - Општина Свети Николе ги исфрли поимите „род“ и „родова еднаквост“, информираше денеска градоначалникот на Општина Свети Нкколе, Дејан Владев.

-Еднакви можности меѓу мажите и жените“ наместо „родова еднаквост“, замена на „род“ со „пол“, „родово“ со „полово“ се дел од измените во Програмата за еднакви можности меѓу мажите и жените кои ги усвоија советниците од Советот на Општина Свети Николе со мнозинство гласови, вели Владев.

Тој додава дека одлуката е донесена на  вчерашната седница, а Советот како што вели ги усвои и дефиниците за поимите „маж“ и „жена“, односно нивното утврдување врз основа на биолошкиот пол без разлика на нивните внатрешни чувства или самоидентификација.

-Со ова, Свети Николе се приклучи кон Ново Село, Василево, Босилово, Дојран, Гевгелија и Охрид кои направија терминолошко усогласување со актуелниот Закон за еднакви можности меѓу мажите и жените, истакна Владев. вдј/ 

Фото Општина Свети Николе

Остани поврзан