• сабота, 28 декември 2024

Светиот крст од Водици изложен на градскиот пазар во Неготино, собраните финансиски средства за хуманитарни цели 

Светиот крст од Водици изложен на градскиот пазар во Неготино, собраните финансиски средства за хуманитарни цели 

Неготино, 24 јануари 2023 (МИА) – Светиот крст што беше спуштен во водите на реката Вардар на верскиот празник Водици, денеска е изложен на градскиот пазар во Неготино. Собраните финансиски средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели, за лекување на неготинецот Илија Мицов.

Голем број луѓе присуствуваа на чинот на осветување и положување на крстот во водите на реката Вардар, од страна на свештено лице од црквата Свети Атанасиј.

Вкупно 16 пријавени учесници се вклучија во фаќањето на крстот, а највешт и најбрз од сите беше 37 годишниот Влатко Стојев од Тимјаник, којшто прв стигна и го фати крстот.

Тој посака здравје, среќа и бериќет за сите. свд/цр

Остани поврзан