• недела, 24 ноември 2024

Светиот крст од Водици денеска на градски плоштад Кавадарци, даруваните пари за лекување на кавадарчанец 

Светиот крст од Водици денеска на градски плоштад Кавадарци, даруваните пари за лекување на кавадарчанец 

Кавадарци, 20 јануари 2024 (МИА) - Светиот крст изваден од осветената вода на реката Луда Мара вчера на верскиот празник Водици, денеска ќе биде изложен на градскиот плоштад во Кавадарци. Даруваните пари ќе се донираат за лекување на кавадарчанец. 

- Нека духот на овој голем празник Богојавление биде поттик за сплотување и обединување, за грижата на целата заедница, за подадена рака, насмевка и љубов на секој еден во заедницата, напиша на „Фејсбук“ 32-годишниот Илија Петров кој вчера го фати крстот во реката Луда Мара. 

Крстот, како што напиша тој во објавата, ќе биде изложен од 9 до 15 часот, а сите собрани средства ќе бидат донирани за лекувањето на кавадарчанецот Бошко Јанкулов. 

Петров веќе 15 години учествува на манифестацијата за Богојавление-Водици, а втор пат успева да го фаќи крстот. свд/бак/


Фото: МИА 

Остани поврзан