• четврток, 19 декември 2024

Светиот крст донесен во Општина Илинден

Светиот крст донесен во Општина Илинден
Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) - Игор Јакимовски кој е еден од учесници на централната манифестација во Скопје за празникот Богојавление- Водици, кај кој пристигна Богојавленскиот крст откако архиепископот г.г Стефан го положи во водите на реката Вардар, денеска ја посети Општина Илинден. Градоначалникот Александар Георгиевски, му се заблагодари на Јакимовски, изразувајќи верба дека Светиот крст ќе донесе здравје, среќа, радост, благосостојба, подобар живот на сите граѓани во oпштината. Градоначалникот Георгиевски на Јакимовски му подари икона од Св. Јован Крстител.

Јакимовски не ја криеше радоста и рече дека на манифестацијата учествува по 29-ти пат, а оваа година крстот е за сите во знак на сплотеност и заедништво. Притоа, на сите граѓани им посака Светиот крст да им донесе многу здравје, радост и среќа.свс/лв/

Остани поврзан