• петок, 27 декември 2024

Светиниколските пожарникари во три наврати гаселе пожари на отворено

Светиниколските пожарникари во три наврати гаселе пожари на отворено

Штип, 19 јули 2021 (МИА) - Светиниколските пожарникари досега интервенирале трипати на запалени стрништа, од кои во два наврати на територија на Општина Лозово, како и во близина на Свети Николе.

Командирот на Противпожарната единица во Свети Николе, Зоран Салтиров истакна дека се уште се одвиваат жетвените активности во втората по големина житница во земја. Старите и лоши навики на земјоделците продолжуваат и оваа година и по завршување на жетвата на пченицата, почнуваат да ги палат стрништата.

Жетвата е завршeна во штипскиот регион, а пожарникарите изминатите две недели се постојано на интервенции на отворено.

Според извештајот на командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов изминатите седум дена пожарникари во седум наврати гаснеле пожари на отворено, штета нема, но пожарникарите велат дека по полските патишта се амортизираат старите возила и опрема. Бараат земјоделците да си ги сменат навиките, а инспекторите овој период да се на терен. вдј/фф/

Остани поврзан