• среда, 20 ноември 2024

СБ на ОН не ја изгласа руската резолуција за Украина

СБ на ОН не ја изгласа руската резолуција за Украина
Њујорк, 24 март 2022 (МИА) - Советот за безбедност на Обединети нации синоќа не ја одобри руската резолуција во која се нагласуваат растечките хуманитарни потреби на Украина, но без да се спомене руската инвазија што ја предизвика кризата. За усвојување на резолуција потребни се најмалку девет гласа во вкупно 15 членови, и да нема вето од останатите четири члена со право на глас. Но, на денешното гласање Русија доби поддршка само од Кина, а 13 други членки на СБ беа воздржани. Генералното собрание на ОН денеска почна да ја разгледува резолуцијата подготвена од Украина и дваесет земји од целиот свет и коспонзорирана од 100 земји, во која се наведува дека руската агресија е одговорна за растечката хуманитарна вонредна состојба во Украина. Нацрт-резолуцијата Русија ја поднесе на 15 март, а гласањето за неа беше неколкупати одложувано. ми/

Остани поврзан