• сабота, 23 ноември 2024

СБУ по експлозијата на Кримскиот мост: „Се ќе објавиме по победата“

СБУ по експлозијата на Кримскиот мост: „Се ќе објавиме по победата“

Киев, 17 јули 2023 (МИА) - Украинските безбедносни служби издадоа официјално соопштение во врска со нападот на мостот во Керч, во кое не признаа отворено дека „нивната безбедносна агенција СБУ стои зад инцидентот“.

Но, во соопштението на СБУ се навестува улогата на официјален Киев во нападот на мостот Керч, што ги поврзува полуостровот Крим со руската Краснодарска област.

„Сите детали во врска со експлозијата ќе бидат објавени по победата“, соопшти агенцијата, пренесе Би-би-си.

Вообичаена пракса е украинската влада отворено да не ја признава својата вмешаност во ваквите напади. ен/сд/
 фото:архива

Остани поврзан