• среда, 25 декември 2024

Сајкоски: Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината

Сајкоски: Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината

Скопје, 4 август 2024 (МИА) – Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која што е направена од страна на Општината и ЈП Комуналец – Кичево, соопшти денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски.

Во објава на својот Фејсбук профил, тој вели веќе подолг период се случува „еколошка катастрофа“ во Кичево, каде Општината и ЈП Комуналец – Кичево одложуваат отпад во центарот на градот и побара одговорност за загрозување на животот на граѓаните од Општина Кичево.

-Еколошка катастрофа во Кичево, веќе подолг период општината и комуналното претпријатие одложуваат отпад во центарот на градот. Смрдеа, глодари, неподносливо станува да се живее. Денес кулминира со пожар кој ја зафати оваа дива депонија направена од страна на општината. Мора да има одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните на оваа наша прекрасна општина. Иако како ВМРО-ДПМНЕ апелиравме и пријавуваме, денес се случува невиден хаос. Ги повикувам надлежните институциите да постапат веднаш, напиша Сајкоски на својот Фејсбук профил. ра/вј/

Фото: Принтскрин

 

 

Остани поврзан