САД го зајакнуваат присуството на јапонскиот остров Окинава со разузнавачки дронови
- САД ќе распоредат разузнавачки беспилотни летала со голем дострел во јужна Јапонија, на островите Окинава, во близина на Тајван, објави денеска јапонскиот министер за одбрана, Ген Накатани.

Токио, 8 април 2025 (МИА) - САД ќе распоредат разузнавачки беспилотни летала со голем дострел во јужна Јапонија, на островите Окинава, во близина на Тајван, објави денеска јапонскиот министер за одбрана, Ген Накатани.
„За да се засилат дејностите за собирање информации, набљудување и разузнавање околу Јапонија, во американската воздухопловна база Кадена на главниот остров Окинава во наредните недели ќе бидат распоредени беспилотните летала „Ем Кју - 4 Cи Тритон“, изјави Накатани за новинарите.
„Безбедносната средина околу нашата земја станува сè посложена“, додаде тој.
Во последните години Кина спроведува воени вежби околу Тајван, што аналитичарите го гледаат како увертира за можното преземање на островот.
„Ем Кју - 4 Cи Тритон“ е дрон кој „лета на голема височина и е со зголемена издржливост“. Може да лета повеќе од 24 часа и да помине растојание еквивалентно на 13.700 километри со еден лет, според неговиот производител „Нортроп Груман“.
Јапонската армија, која веќе има беспилотни летала за голема височина, планира да набави помали напаѓачки беспилотни летала како дел од својата програма за зајакнување на одбранбените способности. рп/
Фото: МИА архива