• среда, 27 ноември 2024

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата

Саутемптон, 18 мај 2024 (МИА) - Саутемптон синоќа го победи Вест Бромвич во реванш полуфиналниот натпревар од плејофот на Чемпионшип со 3:1. Средбата се одржа на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон.

Во првото полувреме немаше постигнати голови. По паузата, Вилијам Смолбон го отвори резултатот, Адам Армстронг со два погодока зголеми на 3:0. Во последните минути гостите намалија преку Седрик Кипре.

Првиот меч заврши нерешено 0:0, па Саутемптон се пласираше во финалето каде ќе се сретне со Лидс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан