• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Саутемптон го отпушти тренерот Јуриќ по испаѓањето од Премиер лигата

Саутемптон го отпушти тренерот Јуриќ по испаѓањето од Премиер лигата

Лондон, 7 април 2025 (МИА) - Иван Јуриќ ја напушти функцијата тренер на Саутемптон, објави „Sky Sports“.

Хрватскиот фудбалски стручњак го презеде тимот во декември 2024 година и работеше во клубот 108 дена. 

Привремен тренер на Саутемптон ќе биде Симон Раск кој треба да ја заврши сезоната.

Вчера Саутемптон загуби од Тотенхем (1:3) во натпреварот од 31. коло на Премиер лигата и ја загуби шансата да го задржи местото во Премиер лигата. Тимот е на последното, 20. место во поредокот со 10 бодови.

Клубот постави рекорд со испаѓање од Премиер лигата побрзо од кој било во историјата - седум кола пред крајот на сезоната. Претходно рекордот им припаѓаше на Дерби и Хадерсфилд - ги загубија шансите да останат во Премиер лигата на 6 кола до крајот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан