• среда, 25 декември 2024

Саутгејт поднесе оставка

Саутгејт поднесе оставка

Лондон, 16 јули 2024 (МИА) – Герет Саутгејт денес поднесе оставка од селекторската функција во англиската фудбалска репрезентација.

Педесет и тригодишниот фудбалски стручњак реши да ја напушти функцијата по своја волја.

Саутгејт беше селектор на Англија од септември 2016 година. Под негово водство Англичаните одиграа 102 натпревара, извојуваа 64 победи, 20 пати ремизираа и загубија на 18 средби.

Покрај тоа, репрезентацијата на Англија двапати освои сребрени медали на Европските првенства (Евро 2020 и Евро 2024) и двапати стигна до полуфиналето на Светското првенство (СП 2018 и Светско првенство 2022 година).

На 14 јули Англија загуби од Шпанија (1:2) во финалето на Евро 2024 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан