Саудиските медиуми: Израел го уби лидерот на парламентарното крило на Хезболах, Мохамед Раад
- Мохамед Раад, лидерот на парламентарното крило на Хезболах, наводно е убиен во напад на Израелските одбранбени сили (ИДФ) врз цели во Либан, објавија утрово саудиските телевизиски станици „Ал Арабија“ и „Ал Хадат“.
Бејрут, 2 март 2026 (МИА) - Мохамед Раад, лидерот на парламентарното крило на Хезболах, наводно е убиен во напад на Израелските одбранбени сили (ИДФ) врз цели во Либан, објавија утрово саудиските телевизиски станици „Ал Арабија“ и „АлХадат“.
Либанскиот претседател Џозеф Аун изјави дека лансирањето ракети кон Израел им штети на напорите за поштедување на Либан од регионален конфликт, а дописниците на „Ал Арабија“ објавија дека сите училишта и образовни институции во Либан се затворени со одлука на Министерството за образование.
Израел соопшти дека нападите се случиле како одмазда откога Хезболах во текот на ноќта лансира повеќе ракети кон северен Израел.
ИДФ објави дека погодиле неколку високорангирани членови на Хезболах во Бејрут и „клучен терорист на Хезболах“ во јужен Либан, но не ги потврди имињата.
Командантот на Северната команда на ИДФ, генерал-мајор Рафи Мило, коментира за нападите.
„Хезболах го избра иранскиот режим пред либанската држава и почна напад врз нашите цивили. Бевме подготвени - и тие ќе платат скапо“.
„Веднаш по ракетниот оган од страна на Хезболах, според планот, го почнавме првиот голем бран напади врз Бејрут и јужен Либан,насочени кон високи оперативци, команди и терористичка инфраструктура. Исто така, работиме на евакуација на цивили од јужен Либан пред нови напади“, рече генерал-мајор Мило.сд.
Фото:ЕПА