• среда, 25 декември 2024

Саудиски клуб плати 1,2 милиони евра за српскиот ракометар Ненадиќ

Саудиски клуб плати 1,2 милиони евра за српскиот ракометар Ненадиќ

Ријад, 25 септември 2023 (МИА) – Ракометниот свет доби „свој Кристијано Роналдо“ и тоа во Петар Ненадиќ, откако 37-годишниот српски ракометар ги напушти редовите на француски ПСЖ и потпиша двегодишен договор со Ал Калеј од Саудиска Арабија за 600 илјади евра по сезона.

Ал Калеј е еден од најдобрите клубови во Блискиот Исток, а како саудиски првак од 5 со 12 ноември ќе игра на неофицијалното Светско клупско првенство во Дамам.

На турнирот ќе настапат Алнор, Барселона, Фуксе, Магдебург, Кјелце, како и екипи од Египет, Бахреин, Кувајт, Австралија и Аргентина.

Ненадиќ кој една и пол деценија е меѓу најдобрите средби бекови во Европа во кариерата настапуваше за Црна ѕвезда, Барселона, ПИК Сегед, Висла, Фуксе и Веспрем, а за српската репрезентација одигра над 70 натпревари. ег/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан