• недела, 24 ноември 2024

Саудиските клубови ја зголемуваат квотата за странски фудбалери

Саудиските клубови ја зголемуваат квотата за странски фудбалери

Ријад, 25 декември 2023 (МИА) – Саудиска Арабија подготвува „нов удар“ за европскиот фудбал, пренесуваат денеска англиските медиуми, наведувајќи дека саудиската ПРО лига планира да го измени правилото кое го регулира бројот на странци во тамошните клубови.

Според важечките правила, саудиските клубови можат да ангажираат осум странски фудбалери, а предлогот е таа квота да се зголеми за уште двајца играчи.

Англиските медиуми посочуваат дека тоа ќе биде дополнителен удар за европскиот фудбал и ќе доведе до одлив на нови играчи кои сега настапуваат на стариот континент.

Лавината фудбалски великани кон Саудиска Арабија ја започна Кристијано Роналдо, кој во јануари потпиша за Ал Наср, по што следуваа серија мегатрансфери на Нејмар, Мане, Марез, Бензема, Митровиќ и многу други имиња. ег/мс/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан