• четврток, 26 декември 2024

Саудиска Арабија ќе испрати астронаутка во вселената следната година

Саудиска Арабија ќе испрати астронаутка во вселената следната година
Ријад, 22 септември 2022 (МИА) - Саудиска Арабија објави дека следната година ќе ја испрати својата прва жена астронаут во вселената како дел од амбициозната вселенска програма, јави ДПА. Саудиската вселенска комисија во четвртокот започна програма за астронаути за обука на саудиските граѓани за краткорочни и долгорочни летови во вселената, објави Саудиската прес агенција. Првиот лет е планиран за 2023 година и ќе носи двајца саудиски астронаути - маж и жена - во орбитата. Повеќе детали се уште не се соопштени. Во наредните месеци се очекува да биде објавена национална вселенска стратегија. „Испраќањето на првата Саудијка во вселената ќе биде историски настан“, се вели во соопштението на саудиската агенција. паг/

Остани поврзан