• недела, 01 септември 2024

Саудиска Арабија: Уништена мета која се движи кон градот Џеда

Саудиска Арабија: Уништена мета која се движи кон градот Џеда
Ријад, 20 март 2022 (МИА) - Коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против јеменските Хути денеска соопшти дека пресретнала и уништила „непријателска цел“ која се движи кон градот Џеда во Саудиска Арабија, објавија државните медиуми во Ријад. Група јеменски Хути претходно ја нападнаа рафинеријата Арамко во Џеда, истрелувајќи ракети и испраќајќи беспилотни летала кон саудиската рафинерија во јужниот регион Џизан. Нападот на фабриката за нафтени производи на Арамко во Џеда предизвика пожар во еден од резервоарите, но нема жртви, јавија денеска саудиските државни медиуми. Коалицијата соопшти дека нападот на Хутите, кои се поддржани од Иран, е потврда за отфрлање на мировните напори. гт/

Остани поврзан