• среда, 18 декември 2024

Саудиска Арабија ги поздрави чекорите преземени за заштита на цивилите во Сирија

Саудиска Арабија ги поздрави чекорите преземени за заштита на цивилите во Сирија

Ријад, 8 декември 2024 (МИА) - Саудиска Арабија денеска соопшти дека ги поздравува чекорите преземени во Сирија за да се осигури безбедноста на цивилите за време на трансферот на власта од режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад на сириската опозиција.

Официјален Ријад соопшти дека ги следи настаните во Сирија, истакнувајќи дека позитивните чекори вклучуваат и запирање на крвопролевањето во земјата и зачувување на државните институции и капацитети, пренесе Ал Џазира.

Сириските опозициски сили денеска соопштија дека го зазеле главниот град Дамаск и изразија подготвеност да соработуваат со меѓународната заедница за стабилизирање на ситуацијата во земјата.

Руска државна новинска агенција, повикувајќи се на извор од Кремљ, вечерва објави дека Башар Ал Асад пристигнал во Москва и добил азил во Русија. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан