• петок, 20 декември 2024

Саудиска Арабија вели дека убиството на лидерот на Хамас е напад врз суверенитетот на Иран

Саудиска Арабија вели дека убиството на лидерот на Хамас е напад врз суверенитетот на Иран

Ријад, 7 август 2024 (МИА) - Саудиска Арабија денеска соопшти дека убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран е „грубо кршење“ на суверенитетот на Иран, пренесоа британските медиуми.

Коментарите на заменик-министерот за надворешни работи се први за убиството од страна на кралството, кое е најголемата сила во регионот заедно со Иран. Ханија беше убиен на 31 јули.

За време на вонредниот состанок на членовите на Организацијата за исламска соработка, заменик министерот Валид ал-Хурајџи додаде дека Саудиска Арабија отфрла „секакво нарушување на суверенитетот на државите или мешање во внатрешните работи на која било држава“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан