• среда, 25 декември 2024

Сари ја напушти клупата на Лацио

Сари ја напушти клупата на Лацио

 

Рим, 12 март 2024 (МИА) – Тренерот на италијанскиот фудбалски прволигаш Лацио, 65-годипниот Маурицио Сари, поднесе денеска оставка на должноста, јавија локалните медиуми.

Сари ја напушти клупата откако римскиот клуб изминатиот викенд загуби од Удинезе и го претрпе третиот пораз во серија.

Со 13. порази на 28. натпревари во Серија А, Лацио е деветтопласиран на табелата, а настапот во Лигата на шампиони го заврши со пораз во осминафиналето од минхенски Баерн.

Сари седеше на клупата на Лацио од 2021 година, предводејќи ги претходно Јувентус, Челзи и Наполи.

Со Челзи ја освои Лига Европа, а со Јувентус титулата во Италија, но доби отказ по само една сезона поради рана елиминација во Лигата на шампиони. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан