• четврток, 26 декември 2024

Сараџ: Либија треба да има единствена администарција

Сараџ: Либија треба да има единствена администарција
Триполи, 25 декември 2020 (МИА) - Премиерот на Либија, Фајез ал Сараџ во говорот по повод 69-годишнината од независноста на земјата истакна дека државата треба да има единствена администрација. Тој наведе дека меѓународно признаената Влада во Триполи не се согласува со идејата за организирање на претседателски и парламентарни избори во декември 2021 година на цела територија на Либија. Денот на независноста на Либија вчера беше одбележан и со воена парада во центарот на Триполи, на која присуствуваа сите политичари, кои поради пандемијата со Ковид-19 носеа маски. Судирите во Либија почнаа во 2011 година, кога во граѓанската војна беше соборен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, кој подоцна беше убиен. Оттогаш две ривалски групи се борат за превласт. Силите на генерал Хафтар во април 2019 година покренаа офанзива за заземање на Триполи, но меѓународно признатата Влада возврати. Меѓународно признаената Влада на  Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од територијата, додека седиштето на Хафтар е во Тобрук и тој контролира поголем дел од земјата, а има контрола и врз нафтените полиња. Владата во Триполи е признаена од ОН,а има и поддршка од Турција и од Катар, силите на Хафтарт имаат поддршка од Обединети Арапски Емирати, Јордан, Египет ио Русија. Во судирите во Либија учествуваат и голем број странски борци од Сирија, Судан и од Чад. Примирјето постигнато во октомври под покровителство на Обединети нации им овозможи на политичките ривали да се вратат на преговарачката маса. ми/

Тагови

Остани поврзан