• четврток, 19 декември 2024

Сарацин и Холштајн во посета на „Дрекслермајер“ во Кавадарци

Сарацин и Холштајн во посета на „Дрекслермајер“ во Кавадарци
Кавадарци, 3 ноември 2022 (МИА) - Како дел од агендата за време на официјалната посета на земјава, специјалниот претставник на германската Влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин, заедно со германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн беа во посета на „Дрекслермајер“ во Кавадарци. Менаџментот на компанијата предводен од генералниот менаџер Лукас Мирингер, преку презентација им ги претставија најважните аспекти и достигнувања во текот на десетгодишното постоење на компанијата во земјава, како и идните стратешки проекти и активности и бројни проекти од областа на општествената одговорност. За време на средбата, амбасадорката Холштајн ја потенцира важноста на присуството на странските инвестиции во земјава во насока на оставрување поголем економски развој. - „Дрекслермајер“ претставува еден од најголемите инвеститори во земјата, а со тоа и еден од најважните работодавачи. Компанијата не само што претставува пример за одлична соработка помеѓу двете земји, туку и во континуитет го дава својот придонес за заедницата каде што делува, заклучи Холштајн Како што се наведува во денешното соопштение од „Дрекслермајер“, Сарацин и Холштајн имале можност да ги разгледаат и производствените капцитети на компанијата, каде преку високо развиен технолошки и софистициран процес се произведуваат производи наменети за премиум сегментот во автомобилската индустрија. - Имам позитивен впечаток за целокупната организација на „Дрекслермајер“ во Кавадарци. Несомнено е дека високите меѓународни стандарди даваат успех во работењето на компанијата. Драго ми е што „Дрекслермајер“ заедно со своите вработени реализира голем број проекти за поддршка и развој на регионот. На ваков начин уште повеќе се зацврстуваат мостовите за соработка помеѓу двете земји, изјави Сарацин. Тој особено го поздрави залагањето на компанијата во делот на спроведувањето на дуално стручно образование, затоа што на таков начин се создава квалификувана работна сила според потребите на индустријата. - Задоволство и чест ни е што првпат имавме можност да го дочекаме специјалниот претставник на германската Влада за земјите од Западен Балкан и што гостите понесоа убави впечатоци за нашата компанија, истакна генералниот менаџер на „Дрекслермајер“, Лукас Мирингер. Ова е прва посета на Сарацин на „Дрекслермајер“ по преземањето на должноста во март годинава. цр/сп/

Остани поврзан