• четврток, 26 декември 2024

Сарацин во Косово на средби со Курти и Свечља

Сарацин во Косово на средби со Курти и Свечља

Приштина, 30 октомври 2024 (МИА) – Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин престојува во Косово, каде што вчера се сретна со премиерот Албин Курти, а денеска и со министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на владината служба за информирање по средбата во резиденцијата на германскиот амбасадор во Приштина, Јорн Роде, се наведува дека Курти и Сарацин разговарале за “зајакнувањетo и унапредувањетo на билатералните односи меѓу Германија и Косово, регионалната соработка во рамките на Берлинскиот процес, како и за актуелни прашања“.

Косовскиот премиер му честитал на германскиот емисар за успешното организирање на самитот по повод 10-годишнината од Берлинскиот процес.

„Премиерот му честиташе на специјалниот претставник Мануел Сарацин за успешниот самит на 10-годишнината од самитот во Берлин овој месец, каде што беше потпишан нов договор за пристап до студии, декларации за Новиот регионален заеднички пазар, акционен план 2025 - 2028 година, како и заедничките декларации за добрососедство и регионална соработка, за пристап и соработка во истражувачката и иновациската инфраструктура и за регионалните стандарди за испитување на странските директни инвестиции во Западен Балкан“, се наведува во соопштението.

Премиерот Курти нагладил дека е важно Босна и Херцеговина да го ратификува договорот за слободно движење на граѓаните од двете држави со лични карти.

Министерот за внатрешни работи, Свечља по денешната средба со Сарацин изјави дека разговарале за мерката за рачни безбедносни проверки на стоката што влегува од Србија, на граничниот пункт Мердар.

Тој на неговата страница на Фејсбук напиша дека оваа одлука се спроведува посветено, со цел безбедноста на земјата „до операционализацијата на скенерските системи ‘Х’“.

„Разговаравме за напредокот на последниот состанок на Берлинскиот процес и ја потврдив нашата посветеност како активни страни за понатамошен ангажман во овој процес. Разговаравме и за мерката рачни безбедносни проверки на стока која влегува од Србија на граничниот пункт во Мердаре. Нашите државни службеници посветено ја спроведуваат оваа одлука за да ја гарантираат безбедноста на нашата земја до операционализацијата на скенерските системи ‘Х’ кои ќе им ја олеснат и работата и чекањето на граничните премини. Му се заблагодарив на г. Сарацин за неговата континуирана заложба за унапредување на регионалната соработка“, напиша Свечља.иа/

Остани поврзан