• понеделник, 15 декември 2025

Сан Антонио противник на Њујорк во финалето на НБА Купот

Сан Антонио противник на Њујорк во финалето на НБА Купот

Лас Вегас, 14 декември 2025 (МИА) - Сан Антонио ја победи Оклахома Сити утрово во полуфиналето на НБА Купот со 111:109. Натпреварот се одржа во „Т-Мобиле Арена“ во Лас Вегас.

Девин Васел постигна 23 поени за Спарс, додека Стефон Касл, Де'Арон Фокс и Виктор Вембањама постигнаа по 22 поени. Во поразениот тим се истакна Шеј Гилџус-Александар со 29 поени.

Сан Антонио ја прекина серијата од 16 победи на Оклахома Сити. Шампионот го претрпе вториот пораз во сезоната 2025/26.

Тимот од Тексас се пласираше во финалето на НБА Купот и ќе се соочи со Њујорк. Натпреварот ќе се одржи на 16 декември во Лас Вегас. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан