• среда, 25 декември 2024

Санчо посакал да замине откако не се нашол во составот за дуелот со Фулам

Санчо посакал да замине откако не се нашол во составот за дуелот со Фулам

Манчестер, 23 август 2024 (МИА) - Се чинеше дека Џејдон Санчо и Ерик Тен Хаг се помириле и ја „спуштиле токата“, но сепак разделбата ќе се случи.

Јунајтед со многу мака победи во првото коло против Фулам, а во тимот го немаше Џејдон Санчо.

Крилниот напаѓач не беше ниту на клупата на отворањето на новата сезона и тоа беше капката што ја прели чашата. Санчо веднаш по натпреварот го известил клубот дека сака да ја смени средината.

Конфликти имаше и минатата сезона на релација Санчо-Тен Хаг. Поради оваа причина, англискиот играч беше отстранет од тимот, а потоа испратен на позајмица во Борусија Дортмунд.

Почетокот на оваа сезона го означи помирувањето меѓу Санчо и шефот на стручниот штаб на „црвените ѓаволи“, но сепак Санчо очигледно само се врати на тренинзите со тимот, но Тен Хаг повторно не го гледа во своите планови.

Санчо сега ќе бара нов клуб, а во клубот од северна Англија дојде во 2021 година за 85 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан