• недела, 24 ноември 2024

Санчес ќе се сретне со Тора поради подобрување на односите

Санчес ќе се сретне со Тора поради подобрување на односите
Мадрид, 6 февруари 2020 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчес денеска треба да се сретне со каталонскиот лидер Квим Тора, настојувајќи да се подобрат тензичните односи меѓу централната шпанска Влада и Каталонија. Од денешниот состанок двете страни не очекуваат голем напредок, во однос на почетните позиции кои се многу оддалечени кога станува збор за независноста на Каталонија. Каталонскиот регионален претседател Квим Тора изјави пред состанокот во седиштето на каталонската Влада во Барселона дека ќе инсистира Санчес да овозможи одржување на легален референдум за независност на Каталонија. Владата на Санчес соопшти дека референдум не доаѓа предвид, бидејќи би бил спротивен на шпанскиот Устав. Санчес ќе се обиде да го насочи разговорот кон социјални прашања, финансирање на шпанските региони и влијанието на неодамнешните бури во источниот дел на Шпанија. гт/

Остани поврзан