• среда, 27 ноември 2024

Санчез: Сериозно се сомневам дека Израел го почитува меѓународното право

Санчез: Сериозно се сомневам дека Израел го почитува меѓународното право

Мадрид, 30 ноември 2023 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека имајќи го предвид бројот на цивилни жртви во Појасот Газа, се сомнева дека Израел го почитува меѓународното хуманитарно право.

- Снимките што ги гледаме и зголемениот број на мртви деца ме тера сериозно да се сомневам дека (Израел) се придржува кон меѓународното хуманитарно право, рече Санчез во интервју за шпанската државна телевизија.

„Недискриминирачкото убивање на невини цивили, вклучително и илјадници момчиња и девојчиња, е целосно неприфатливо“, потенцираше шпанскиот лидер.

Минатата недела Санчез и белгискиот премиер Александер де Кроа дадоа слични изјави на контролниот пункт Рафа на границата на Египет со Појасот Газа. Изјавите на двајцата лидери го налутија Израел, чиј министер за надворешни работи Ели Коен рече дека забелешките повторуваат „лажни тврдења“ и „даваат поттик на тероризмот“. Коен потоа рече дека ги повикал на разговор амбасадорите на двете земји. ссм/

фото: архива

Остани поврзан