• петок, 27 декември 2024

Санчез бара средба со Тора колку е можно поскоро

Санчез бара средба со Тора колку е можно поскоро
Мадрид, 14 јануари 2020 (МИА) - Премиерот на Шпанија Педро Санчез изјави денеска дека ќе се обиде да оствари средба со каталонскиот лидер Квим Тора колку е можно поскоро. Санчез додаде дека се уште треба да се одлучи за датумот и времето кога ќе се одржи средбата. На прес-конференцијата, Санчез истакна дека неговата Влада го одобрила зголемувањето на пензиите за 0,9 проценти оваа година, во обид да им обезбеди на пензионерите во Шпанија да не ја изгубат својата куповна моќ. Санчез претходно најави дека целта на новата Влада ќе биде дијалог со сепаратистите во Каталонија, како и социјалните реформи и економскиот раст на земјата. ез/гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан