• среда, 13 ноември 2024

Сантош ја презеде репрезентацијата на Полска, доби задача избори пласман на ЕП 2024

Сантош ја презеде репрезентацијата на Полска, доби задача избори пласман на ЕП 2024

Варшава, 24 јануари 2023 (МИА) - Фернандо Сантош и официјално ја презеде репрезентацијата на Полска. Полскиот фудбалски сојуз (ПЗПН) го претстави поранешниот селектор на португалската репрезентација.

- Сантош ги освои Евро и Лигата на нации, работеше со големи фудбалери, светски фудбалски ѕвезди, ова е исклучително вредно. Верувам дека новиот тренер ќе донесе многу добри работи за тимот и за целиот полски фудбал. Цел број еден во моментов е да стигнеме до завршниот турнир на ЕП 2024 година и на тоа се фокусираме пред се, изјави првиот човек на ПЗПН, Цезар Кулеша.

Сантош беше селектор на португалската репрезентација осум години, а ја напушти функцијата по Светското првенство во 2022 година. Тој е познат и по работата со Порто, Спортинг, Бенфика и грчката репрезентација.

Шеесет и осумгодишниот Португалец го замени доскорешниот селектор Чеслав Михневич. зс/

Остани поврзан