• недела, 24 ноември 2024

Санофи планира да укине 1.700 работни места во Европа, од кои 1000 во Франција

Санофи планира да укине 1.700 работни места во Европа, од кои 1000 во Франција

Париз,  26 јуни  2020 (МИА) Француската фармацевтска група „Санофи“ денеска најави дека планира укинување на 1.700 работни места во Европа, од кои илјада во Франција, јави дописникот на МИА.

Според Оливие Богилом, претседател на Санофи-Франција, тоа се совпаѓа со новата стратегија на групата, а не со социјален план поврзан со последиците од Ковид-19.

Планот за заминување од работните места им беше претставен на европските социјални партнери, тој се однесува на 25.000 соработници во Франција од 100.000 колку што ги има во светот. Во декември, групата најави дека сака да ги рационализира трошоците, со цел да заштеди две милијарди евра до 2022 година, посебно со запирање на научните испитувања за дијабетот, како и за кардиоваскуларните заболувања.

Во првото тромесечие од годината „Санофи“ имаше околу 9 милијарди евра промет, односно 6,9 отсто повеќе поради пандемијата со Ковид-19, за време на која се продадоа многу лекови против болка како Долипран (парацетамол). Групата предвиде да исплати дивиденди повисоки од тие минатата година на своите акционери во износ од околу 4 милијарди евра, за разлика од другите компании кои ги намалија или пак не ги исплатија дивидендите поради санитарната криза. тг/ 

Остани поврзан