• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Санкционирани 85 возачи во населба Драчево

Санкционирани 85 возачи во населба Драчево
Скопје, 10 април 2022 (МИА) - При засилена акциска контрола во областа на сообраќајот спроведена денеска на територијата на населба Драчево во периодот од 10.00 до 16.00 часот, санкционирани се вкупно 85 возачи, меѓу кои 13 за возење со брзина поголема од дозволената, а девет за управување возила без возачка дозвола, информира МВР. - Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се додава во соопштението. сп/

Остани поврзан