• четврток, 26 декември 2024

Санкционирани 83 возачи на мотоцикли, 33 исклучени од сообраќај

Санкционирани 83 возачи на мотоцикли, 33 исклучени од сообраќај
Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, санкционирани се 83 возачи, од кои 33 биле исклучени од сообраќај. Од нив, информираа од МВР, 59 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/

Остани поврзан