• сабота, 23 ноември 2024

Санкционирани 83 возачи за брзо возење во Битола

Санкционирани 83 возачи за брзо возење во Битола

Скопје, 23 декември 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на денот, односно од 9 до 14 часот, санкционирани се 83 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на територијата на СВР Битола.

-Во текот на денешниот ден (23.12.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возачите кои ја надминале  максималната дозволена брзина. При контролата, санкционирани се 83 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, а за време на контролата санкционирани се и четири други видови на прекршоци, велат од МВР.

Оттаму информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. сх/цр

Фото: МИА Архива

Остани поврзан