• недела, 28 јули 2024

Санкционирани 81 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Санкционирани 81 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола
Скопје, 9 април 2023 (МИА) - Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што биле санкционирани 81 возачи.
 
Од нив 10 на територија на  Битола, 64 во Прилеп, по 3 во ДемирХисар и  Крушево и 1 во Македонски Брод.
 
За време на контролата биле санкционирани и 86 други видови прекршоци.
Од МВР информираат дека акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила. аа/
Фото: МИА

Остани поврзан