• среда, 25 декември 2024

Санкционирани 70 возачи во населбата Ченто во Скопје

Санкционирани 70 возачи во населбата Ченто во Скопје
Скопје, 1 октомври 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во периодот од 10 до 16 часот била спроведена засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на населба Ченто во Скопје. При контролата, како што посочуваат од МВР, санкционирани се 70 возачи од кои 29 за вградени фолии без А -тест, 10 без возачка дозвола, три за технички неисправни возила, две нерегистрирани и 26 по останати прекршоци. Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. рп/

Остани поврзан