• среда, 25 декември 2024

Санкционирани 67 возачи за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Санкционирани 67 возачи за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес
Скопје, 20 јули 2021 (МИА) - На автопатот Куманово-Скопје-Велес полицијата санкционирала 67 возачи за возење со брзина поголема од дозволената. Десет возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица дури над 70 километри на час над пропишаната брзина.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. сст/дма/

Остани поврзан