• сабота, 23 ноември 2024

Санкционирани 52 возачи поради пребрзо возење на територијата на Крива Паланка

Санкционирани 52 возачи поради пребрзо возење на територијата на Крива Паланка
Скопје, 23 јули 2021 (МИА) - Спроведена засилена акциска контрола на подрачјето на Крива Паланка, денеска во периодот од 12 до 18 часот, при што се санкционирани 52 возачи поради брзо возење, информираат од МВР.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР. ир/нд/

Остани поврзан