• среда, 13 ноември 2024

Санкционирани 49 возачи за брзо возење на територијата на Тетово

Санкционирани 49 возачи за брзо возење на територијата на Тетово
Скопје, 1 август 2021 (МИА) – На подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат со возило со брзина поголема од пропишаната. При што санкционирани се 49 возачи, информира Министерството за внатрешни работи. -Од вкупниот број санкционирани возачи, 43 ја пречекориле брзината надвор од населеното место и шест во населено место, а на сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци, информира МВР. Засилените акциски контроли продолжуваат во наредните денови, а МВР апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај. ки/ац/

Остани поврзан