• сабота, 23 ноември 2024

Санкционирани 45 мотоциклисти за прекршоци во сообраќајот

Санкционирани  45 мотоциклисти за прекршоци во сообраќајот

Скопје, 22 август 2023 (МИА) - Санкционирани се 45 возачи на мотоцикли во текот на вчерашната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли спроведена на територијата на државата.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а седум возеле без возачка дозвола. Тие истакнаа и дека за време на контролата санкционирани се и 86 други видови на сообраќајни прекршоци.

МВР најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта. сан/лв/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан