• четврток, 26 декември 2024

Санкционирани 441 возач на мотоцикли, 246 возеле без заштитна кацига, 110 без дозвола

Санкционирани 441 возач на мотоцикли, 246 возеле без заштитна кацига, 110 без дозвола
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во периодот од 12  до 18 септември спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 441 возач.
Од нив, 246 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 110 возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, а поради измината важност на регистрацијата одземени се три мотоцикли.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР./

Остани поврзан