• сабота, 23 ноември 2024

Санкционирани 43 возачи на територија на СВР Тетово

Санкционирани 43 возачи на територија на СВР Тетово
Скопје, 3 септември 2021 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово денеска сроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 43 возачи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, како што се посочува, 11 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а двајца со дури над 70 километри на час над дозволеното. Дваесет и четири санкции се изречени на територија на Тетово, а 19 на територија на Гостивар. Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. оџ/рп/  

Остани поврзан