• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 272 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Санкционирани 272 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Скопје, 19 февруари 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје санкционираа 272 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 12 до 18 февруари со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 158 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 114 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, велат д ЈП ПОЦ, неопходна е поголема сообраќајна култура. Затоа, додаваат, ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. сст/са/

фото ЈП ПОЦ

Остани поврзан