• недела, 24 ноември 2024

Санкционирани 257 возачи во Скопје, 34 за возење без возачка дозвола

Санкционирани 257 возачи во Скопје, 34 за возење без возачка дозвола
Скопје, 31 јануари 2021 (МИА) - На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 257 мерки, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Од нив, 34 се за возење без возачка дозвола, а 23 за непочитување на брзината на движење. Како што соопшти МВР, вкупно 20 санкции се за управување под дејство на алкохол. Осум мерки се изречени за нерегистрирани и технички неисправни возила, и осум за поминување на затворен семафор, црвено светло. Изречени се 18 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за некористење на сигурносен појас, 57 за непрописно паркирање и 4 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР. бт/дма/

Остани поврзан