• среда, 25 декември 2024

Санкционирани 255 возачи на мотоцикли, 56 биле без возачка дозвола

Санкционирани 255 возачи на мотоцикли, 56 биле без возачка дозвола

Скопје, 26 јули 2023 ( МИА) -   На територијата на Република Северна Македонија вчера во периодот од 17.00 до 23.00 спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 255 возачи.

Од нив, како што соопштуваат од МВР, 162 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 56 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... За време на контролата санкционирани се и 156 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат  до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе  за побезбедни патишта. љм/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан