• недела, 28 јули 2024

Санкционирани 223 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Санкционирани 223 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Скопје, 10 јули 2023 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопјe во текот на една недела санкционираа 223 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 3 до 9 јули со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 106 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 117 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар. дма/са/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Остани поврзан