• сабота, 23 ноември 2024

Санкционирани 22 мотоциклисти на територија на СВР Куманово

Санкционирани 22 мотоциклисти на територија на СВР Куманово

Скопје, 10 август 2023 (МИА) - На територијата на СВР Куманово во текот на вчерашниот ден, спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Притоа, санкционирани се 22 возачи, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. 

- Од нив, 21 во Куманово и еден во Кратово. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби, се истакнува во соопштението.

Од МВР потенцираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан