• среда, 13 ноември 2024

Санкционирани 214 мотоциклисти, одземени девет мотоцикли

Санкционирани 214 мотоциклисти, одземени девет мотоцикли
Скопје, 8 август 2022 (МИА) - Во рамки на засилените акциски контрола на територијата на државата, полицијата вчера санкционираше 214 возачи на мотоцикли. Од нив, 128 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 39 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за  заеднички придонес за побезбедни патишта. сст/сп/

Остани поврзан