• четврток, 26 декември 2024

Санкционирани 212 возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени

Санкционирани 212  возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени

Скопје, 10 август 2023 ( МИА) - Спроведена е засилена акциска контрола вчера на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 212 возачи.

Од нив, како што соопштија денеска МВР, 133 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 36 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР. љм/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан