• недела, 24 ноември 2024

Санкционирани 211 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Санкционирани 211 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Скопје, 29 август 2023 ( МИА) - Во текот на изминатата седмица биле санкционирани 211 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар.

Од ЈП Паркинзи известуваат дека заедно со Оштина Центар и во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје санкционирале 211 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање во сообраќајот.

-Во периодот од 21 до 27 август  со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 119 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“, санкционирани се 102 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот каде што биле паркирани, соопштуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Оттаму посочуваат дека  и наредниот период ќе продолжат со отстранување на непрописно паркираните возила.

-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ И СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, велат од ЈП ПОЦ. љм/мд/

Фото: ЈП Паркинзи - Скопје

Остани поврзан